ЗА НАС

ВЕЛДИНГ МОНТАЖА е друштво за производство, трговија, инженеринг и услуги во областа на машинството.

Од основањето до денес, нашата компанија се оформува и оспособува според барањата на купувачите, а со цел да се создаде еден заокружен систем кој континуирано се надоградува.

ВЕЛДИНГ МОНТАЖА- Велес е фирма специјализирана за сите видови заварување. Претставува компанија за проектирање, изведба и монтажа, специјализирана во прехрамбената индустрија и енергетиката.

Посветеноста во развивање на стратешки ориентирани решенија и достигнување на одлични резултати во сите сфери на делување овозможува задаволување на потребите и очекувањата на клиентите и крајните потрошувачи.

Постојано водиме грижа што создаваме секогаш да биде дополнителен бенефит за нашите клиенти. На тој начин градиме партнерски релации кои им овозможуваат на нашите клиенти високо квалитетни услуги и производи како и зголемена профитабилност.

Сите вработени во ВЕЛДИНГ МОНТАЖА -Велес прават лични напори за разбирање и исполнување на барањата на купувачите. Секој вработен е одговорен и мотивиран за професионално извршување на својата работа благодарение на стратешката определба на раководството за вложување во знаење и развој што се постигнува со континуирано усовршување и обука.

ВЕЛДИНГ МОНТАЖА го има сертифицирано системот за квалитет TUF SERT.

ЗАВАРУВАЊЕ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА ЗАВАРУВАЊЕ

ВЕЛДИНГ МОНТАЖА е специјализирана за заварување, наварување на делови за тешка и лесна индустрија.

Работиме со заварување на сите видови метали ( Челик. Бакар. Алуминиум, Инокс) со примена на сите видови постапки за заварување.

– Заварување TIG – TIG Постапка на заварување има широка примена и се смета за најуниверзална постапка и може да се примени кај наварување и репаратурно заварување на алуминиумски легури и други нерѓосувачки материјали

– Заварување REL

– Заварување MAG MIG